Нов список на лектири за основно деветгодишно образование

Новиот список на лектири за основно деветгодишно образование ќе започне да се реализира од учебната 2026/2027 година. Лектирниот список е дополнет со нови наслови од домашни и странски автори

Новиот список на лектири за основно деветгодишно образование ќе започне да се реализира од учебната 2026/2027 година. Лектирниот список е дополнет со нови наслови од домашни и странски автори, со цел  следење на стандардите од програмите, односно интерпретирање на книжевни содржини и поврзување на читањето со реалниот живот, збогатување  на вокабуларот и создавање навики за читање кај учениците. Читачкото искуство помага во формирањето на личноста, влијае на критичкото размислување и на капацитетот за учење, а се негува и чувството за естетика.

Заедно со лектирниот список се даваат насоки за реализација на лектирите по образовни периоди, кои опфаќаат препорачани активности, развојно прилагоден пристап и насоки за работа со лектирата согласно очекуваните резултати од учењето по одделенија.