Превенција и справување со насилство во училиштата

Бирото за развој на образованието врши унапредување и усовршување на наставата и учењето

Во рамките на активностите за подобрување на безбедноста и добросостојбата на учениците и сите чинители во воспитно-образовниот процес, Бирото за развој на образованието ја интензивира соработката со основните и средните училишта насочена кон унапредување на менталното здравје на учениците, како и превенција и справување со насилството. Препознавајќи ја важноста на менталното здравје за целокупниот развој и успех на децата, во соработка со училиштата се преземаат конкретни чекори за создавање поддржувачка и позитивна училишна средина.

Во таа насока училиштата во текот на учебната 2024/25 година треба да реализираат:

  • активности/работилници за учениците каде што ќе се обработуваат различни теми за унапредување на менталното здравје;
  • активности за зајакнување на капацитетите на наставниот кадар: обезбедување поддршка на наставниците за препознавање и работа со учениците;
  • родителски средби: организирање на средби  со родителите за подигнување на свеста и обезбедување алатки за поддршка на менталното здравје на децата дома;
  • креирање на безбедна средина: воспоставување на безбедна средина во училиштата каде што учениците можат да дојдат и да побараат помош доколку им е потребна.

   Со овие иницијативи, целиме да создадеме средина каде што секој ученик ќе се чувствува поддржан и охрабрен да го достигне својот целосен потенцијал.

Линкови до корисни ресурси:

 

Работилници за средно образование