Потпишан Колективен договор за вработените во Бирото за развој на образованието

На ден 14 април 2026 година во просториите на Бирото за развој на образованието за прв пат беше потпишан Колективен договор помеѓу Бирото за развој на образованието и Синдикатот на САДУ

На ден 14 април 2026 година во просториите на Бирото за развој на образованието за прв пат беше потпишан Колективен договор помеѓу Бирото за развој на образованието, претставувано од директорката м-р Милка Тримчевска и Синдикатот на САДУ, претставуван од претседателот Благоја Ралповски, Синдикалната организација на Биро за развој на образованието, претставувана од претседателката Весна Попова.

Потпишувањето на Колективниот договор претставува значаен чекор во зајакнувањето на социјалниот дијалог, транспарентноста и партнерството помеѓу работодавачот и синдикатот, во интерес на вработените и на ефикасното функционирање на институцијата.

Неговата примена ќе придонесе кон понатамошен развој и унапредување на правата, условите за работа и социјалната сигурност на вработените во институцијата.
Овој Колективен договор е резултат на конструктивен социјален дијалог и заедничка заложба за создавање ефикасна и модерна институција која продолжува да ја исполнува својата клучна улога во развојот на образованието.