Организација

Преглед на внатрешната структура и хиерархијата на институцијата. Информации за секторите, одделенијата и тимовите задолжени за спроведување на образовните политики

Внатрешната организацијана на Бирото се уредува согласно неговите надлежности, развиеноста на мрежата на училиштата, како и јазикот на којшто се изведува наставата

Организација

Бирото за развој на образованието е орган на управа во состав на Министерството за образование и наука со својство на правно лице и врши стручни работи од значење за развојот и унапредувањето на воспитанието и образованието во Република Македонија.

Седиштето на Бирото е во Скопје. За извршување на работите од надлежност на Бирото надвор од седиштето, особено за вршење на советодавната стручна работа и инструктивно-менторската работа на воспитно-образовниот и раководниот кадар формирани се организациони единици во Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Кочани, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и Штип.

Раководство

Со Бирото за развој на образованието раководи директор кој ги има правата и должностите на функционер кој раководи со орган на државната управа.

Oдносот на бирото за развој на образованието со органите во состав