Издавачка дејност поврзана со развојот на воспитно-образовната дејност
Комплексен систем кој опфаќа подготовка, изработка, осовременување, унапредување, уредување, издавање, контрола, печатење и дистрибуција на педагошката документација, прирачници и други дидактички материјали за основно и средно образование.
Главни задачи на секторот
Подготовка и изработка на Издавачки план на Бирото. Уредување и обработка на изданија (публикации). Проверка на научна, стручна и педагошка валидност на материјалите. Обезбедување ISBN/ISSN и CIP стандарди. Печатење и техничка реализација. Дистрибуција и промоција. Контрола на квалитет. Финансиско планирање. Усогласување со законските прописи. Развој на дигиталните изданија.
Надлежностите на секторот се извршуваат преку:
- Изработка на годишни и стратешки планови за издавачка дејност.
- Предлог-правилници и Предлог-обрасци за педагошка документација и евиденција за основно и средно образование и нивно доставување до министерот за образование и наука.
- Изработка на Издавачки план на Бирото.
- Прибира, средува и обработува податоци и информации според наставен јазик од основните и средните училишта во Република Северна Македонија.
- Изработка на планови и прегледи за дистрибуција на педагошката документација и евиденција според наставен јазик за основните и средните училишта во Република Северна Македонија.
- Печати и дистрибуира изработени обрасци од педагошката документација и евиденција за основно и средно образование.
- Јазична редакција, лектура, коректура, превод и графички ги уредува изданијата што ги издава Бирото.
- Обезбедува ISBN/ISSN и CIP-записи од Национална универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.
- Издава прирачници, материјали за учење и други дидактички материјали (во печатена и/или во електронска форма) за основно и средно образование.
- Издава монографски изданија, извештаи од истражувања/анализи за развој на образованието и други изданија во согласност со дејноста на Бирото.
- Обезбедува стручна литература и други видови литература за библиотеката на Бирото.
- Издава списание за теоретски и практични прашања од областа на воспитанието и образованието.
- Развива дигитални содржини за реализација на квалитетна настава, креира онлајн курсеви и организира стручна поддршка на советниците за реализација на онлајн курсевите.
- Ги проучува дигиталните содржини, веб-страниците со стручна литература од областа на образованието во другите земји.
- Поддршка во изработката на дигиталните алатки за реализација на иновативни дигитални решенија со придонес кон јакнење на капацитетите во образовниот систем.
- Изработува и групира дигиталните содржини за примена во основното и во средното образование.
- Ажурирање на веб-страницата на БРО со податоци од областа на воспитанието и образованието.
Структура на секторот
Одделение за издавачка дејност и педагошка документација
Изработува Издавачки план на Бирото, Предлог-правилници, Предлог-обрасци и упатства за педагошката документација и евиденција за основното и за средното образование, како и печатење и дистрибуирање на изработените обрасци од педагошката документација и евиденција за основно и средно образование.
Одделение за развивање дигитални содржини и онлајн курсеви
Подготовува, уредува и техничко ги средува изданијата (публикациите). Развива и ги одржува дигиталните изданија и нивната електронска дистрибуција.
Раководител на сектор