Приоритетна акредитирана обука за стручните соработници од основните училишта

Приоритетна акредидирана програма за обука на тема: „Напредна обука за методи, техники и инструменти за советување и професионална ориентација на учениците“.

На 22 мај, Бирото за развој на образованието, во соработка со Друштвото за маркетинг и адвертајзинг ГЛОБАЛ НЕТ АДВ ДООЕЛ – Скопје, започна со реализација на акредитираната приоритетна програма за обука на тема: „Напредна обука за методи, техники и инструменти за советување и професионална ориентација на учениците“.

Обуката е наменета за стручно усовршување на стручните соработници од основните училишта, со цел унапредување на нивните компетенции за примена на современи пристапи и алатки во процесот на донесување информирани кариерни одлуки од страна на учениците и поддршка на учениците при нивниот образовен и професионален развој.

Програмата за обука се реализира во текот на два дена со вкупно времетраење од 10 часа. Според предвидената динамика, обуката ќе биде целосно завршена до средината на месец јуни, при што ќе бидат опфатени околу 900 стручни соработници од основните училишта од целата држава.