Посета на ООУ „Климент Охридски“ во Македонски Брод

Директорката на Бирото за развој на образованието, Милка Тримчевска, на 16 јуни 2026 година го посети ООУ „Климент Охридски“ во Македонски Брод,

Директорката на Бирото за развој на образованието, Милка Тримчевска, на 16 јуни 2026 година го посети ООУ „Климент Охридски“ во Македонски Брод, заедно со колешките Мирјанче Милошевска и Емилија Вељаноска.

За време на посетата, таа имаше можност непосредно да се запознае со условите за работа во училиштето и со посветеноста на наставниот кадар кон обезбедување квалитетен воспитно-образовен процес. На средбата со наставниците се разговараше за тековните активности, предизвиците со кои се соочува училиштето, како и за можностите за понатамошно унапредување на наставата.

Посебен впечаток оставија позитивната работна атмосфера, ентузијазмот и подготвеноста на директорот и наставниот кадар за прифаќање нови предизвици и имплементација на позитивни промени во интерес на учениците.

Директорката Тримчевска ја поздрави посветената работа на училиштето и изрази уверување дека со заеднички заложби ќе продолжи унапредувањето на квалитетот на образованието, посакувајќи им на вработените уште многу успеси и значајни достигнувања во иднина.