Повик за учество во унапредување на содржината на учебниците од прво до трето одделение

Бирото за развој на образованието врши унапредување и усовршување на наставата и учењето

Во насока на подобрување на квалитетот на учебниците и исправка на технички и евентуални стручни грешки, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Педагошката служба ги повикуваат сите наставници и целата стручна јавност, да ги достават забележаните грешки во учебниците за учениците во основното образование од I до III одделение.

Забелешките се доставуваат со пополнување на образец кој е достапен на следниот линк и во кој треба да се наведен учебникот, наставниот предмет, авторот/авторите, одделението, наставниот јазик и увидената грешка, со страницата на којашто се наоѓа.

Образецот се доставува на следните електронски адреси – bro.macedonia@bro.gov.mk и robert.adzipetrov@mon.gov.mk, најдоцна до 15 декември 2024 година.