Бирото за развој на образованието согласно член 30 став (7) од Законот за основнoто образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19 и 229/20), изработи Упатство за изработка и реализација на модифицирана наставна програма за учениците со комплексни потреби во основното образование.
Во прилог на Упатството изработен е пример на модифицирана програма за ученик со комплексни потреби, што треба да им даде насоки на наставниците во подготовките на модифицирани програми за ученици од нивните пралалелки.