Семинарот беше во организација на Министерството за национално образование од Република Туркије. Учесниците имаа можност да следат повеќе предавања и обуки на различни теми поврзани со образованието,психолошка отпорност на наставникот, мотивацијата на учениците преку процеси во потсвеста, етиката во наставата, ефективно управување со училницата, ученици од новата генерација, современи наставни пристапи и сл. од страна на реномирани професори од Република Туркије. На семинарот беа опфатени теоретски предавања и практични обуки.На крај беа доделени сертификати на учесниците.





