Работна средба посветена на темата „Унапредување на инклузивната клима во училиштата“

Директорката на Бирото за развој на образованието, Милка Тримчевска, вчера учествуваше на значајна работна средба посветена на темата „Унапредување на инклузивната клима во училиштата“, која се одржа во ООУ со ресурсен центар „Кочо Рацин“ – Битола.

Директорката на Бирото за развој на образованието, Милка Тримчевска, вчера учествуваше на значајна работна средба посветена на темата „Унапредување на инклузивната клима во училиштата“, која се одржа во ООУ со ресурсен центар „Кочо Рацин“ – Битола.

На средбата, заедно со советниците на Бирото за развој на образованието и претставниците на инклузивните тимови од основните училишта, се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат училиштата, размената на искуства и добри практики, како и можностите за понатамошно унапредување на инклузивниот процес.

Директорката Тримчевска ја истакна важноста од континуирана соработка и отворен професионален дијалог меѓу сите чинители во воспитно-образовниот процес, со цел создавање средина во која секој ученик ќе има еднакви можности за учество, напредок и развој на своите потенцијали.

Унапредувањето на инклузивната клима бара континуирана професионална поддршка, јакнење на капацитетите на училиштата и градење култура на прифаќање, еднаквост, почитување и припадност.

Бирото за развој на образованието останува посветено на поддршката на училиштата и на заедничкото градење поквалитетен, поправеден и навистина инклузивен образовен систем.

Благодарност до ООУ со ресурсен центар „Кочо Рацин“ – Битола за гостопримството и до сите учесници за нивниот придонес и професионална посветеност.