На 9 март 2026 година, директорката на Бирото за развој на образованието, м-р Милка Тримчевска, заедно со министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, директорот на Институтот за национална историја, проф. д-р Митко Панов, и раководителот на Катедрата по историја при Филозофскиот факултет, проф. д-р Далибор Јовановски, ја посетија Државниот архив на Македонија. Во рамки на посетата, беше одржана работна средба со директорот на Архивот, м-р Димитар Богески, и заменик-директорката, Тренделина Деари.
На средбата се дискутираше за продлабочување на институционалната соработка меѓу релевантните образовни, научни и архивски институции, со посебен акцент на можностите за интегрирање на автентични архивски извори во наставните материјали и учебниците по историја.
Соговорниците истакнаа дека ваквиот пристап може значително да придонесе за унапредување на современите образовни практики, зајакнување на научната заснованост на наставните содржини, како и за поттикнување на интересот кај младите за студиски програми од областа на архивистиката.

