Заменик директор

Обезбедување на континуитет во работењето, координација на активностите и поддршка во реализацијата на стратешките цели

Шенаси Точи

ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР

Заменикот на директорот учествува во раководењето со институцијата во тесна координација со директорот. Неговата функција е клучна за обезбедување на непречен тек на работните процеси и оперативна имплементација на одлуките.

Општо

Согласно законските прописи, заменик-директорот го заменува директорот во случај на негово отсуство или спреченост, при што ги презема сите негови овластувања, одговорности и надлежности поврзани со управувањето и функционирањето на институцијата.

Покрај тоа, заменик-директорот извршува и специфични задачи доверени од директорот, со цел унапредување на ефикасноста, координацијата и организацијата на секторите, како и подобрување на квалитетот на работните процеси.

Образование

Шенаси Точи е дипломиран економист со завршени четиригодишни студии (240 ЕКТС) на Државниот универзитет во Тетово. Средното образование го има завршено во СУГС Економско-правно училиште „Арсени Јовков“ – Скопје.

Континуирано се усовршува преку бројни обуки, семинари и конференции од областа на образованието, лидерството, методиката на настава, интеретничката интеграција и примената на дигитални технологии во образовниот процес.

Работно искуство

Со повеќегодишно искуство во образованието и јавниот сектор, Шенаси Точи има изградено стабилна и професионална кариера во наставни и раководни структури.

Од 2011 година работел како професор во СУГС Економско-правно училиште „Арсени Јовков“ – Скопје, каде активно учествува реализација на наставни програми, менторство на ученици и унапредување на квалитетот на наставата.

Во периодот 2023–2024 година ја извршува функцијата раководител на сектор за ученици со кореспонденција, со одговорности во организација на наставниот процес, управување со тимови и обезбедување квалитет и ефикасност.

Дополнително, бил претставник на Град Скопје во Училишниот одбор на СУГС „Владо Тасевски“, како и член на Управниот одбор на ЈЗУ Универзитетска клиника за максилофацијална хирургија „Академик Илија Васков“ – Скопје.

Останато

Поседува изразени организациски, комуникациски и лидерски способности, стекнати преку работа во мултикултурна средина и учество во национални и меѓународни проекти.

Говори албански (мајчин јазик), македонски (напредно ниво) и англиски јазик (одлично ниво), со напредни технички вештини за работа со современи дигитални алатки и образовни платформи.