Сектори

Преглед на организациските единици преку кои се реализира програмската дејност на Бирото. Запознајте се со специфичните надлежности на секој сектор, од развој на наставни програми до стручна поддршка

подготовка на концепти за развој на воспитно-образовниот систем, како и изработка и унапредување на наставни планови и програми за сите нивоа на образование

Организација на обуки, менторска поддршка и стручно советување за унапредување на воспитно-образовната практика

Унапредување и поддршка образовниот систем, преку научно-истражувачка работа

Подготовка, уредување и дистрибуција на стручна литература и педагошка документација

Фундаментален дел од мисијата на Бирото за развој на образованието, посветен на обезбедување и унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес во државата

Извршување на студиско-аналитички, административни и технички работи кои обезбедуваат непречено функционирање и законско усогласување на работата на Бирото

Преглед на финансиското работење на Бирото, вклучувајќи го планирањето и извршувањето на буџетот, сметководствената евиденција, како и годишните финансиски извештаи и планови за јавни набавки

Обезбедување на стратешката рамка за долгорочен и одржлив развој на образовниот систем

Одделението за управување со човечки ресурси е одговорно за планирање, организирање и унапредување на персоналот во рамките на институцијата.