Денеска во х. Холидеј Ин во Скопје беа прогласени наградените учесници на Ликовниот конкурс за децата од детските градинки и за учениците од основните и средните училишта што го организираше Бирото за развој на образованието по повид 15 март Светскиот ден на правата на потрошувачите, на настан организиран од страна на Министерството за економија.
Ликовниот конкурс беше организиран во 4 (четири) категории:
- Тема: „СОНЦЕ, ВЕТЕР И ВОДА – НАШАТА ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА“
Право на учество имаа сите деца корисници на услугите на јавна установа детска градинка, на возраст од 4-6 години.
Пристигнаа вкупно 93 ликовни творби од 32 детски градинки во земјава.
- Тема: „ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА ЗА ЗЕЛЕНА ПЛАНЕТА“
Право на учество имаа сите ученици во основното образование (одделенска настава) – од I (прво) до V (петто) одделение.
Пристигнаа вкупно 145 ликовни творби од вкупно 58 основни училишта во земјава.
- Тема: „НИЕ СМЕ ЗЕЛЕНА ГЕНЕРАЦИЈА КОРИСТИМЕ ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА“
Право на учество имаат сите за ученици во основното образование (предметна настава) – од VI (шесто) до IX (деветто) одделение.
Пристигнаа вкупно 94 ликовни творби од 41 основно училиште во земјава.
- Тема: „ОДРЖЛИВАТА ПОТРОШУВАЧКА И ЗЕЛЕНАТА ЕНЕРГИЈА“
Право на учество имаат сите ученици во средното образование – од I (прва) до IV (четврта) година.
Пристигнаа 30 ликовни творби од 13 средни училишта во земјава.
Доделени се прво, второ и трето место по категорија одделно.
На следниот линк се наградените учесници на Ликовниот конкурс.