Продолжува соработката меѓу Бирото за развој на образованието и Мировен корпус

На ден 1.12.2021 година е реализирана средба меѓу директорот на Бирото за развој на образование г-дин Зекирија Хасипи и директорката на Мировен корпус г-ѓа Дебора Конер. Целта на средбата беше споделување на плановите и активностите на Мировен корпус во време на пандемија, како и дискусија за континуирана соработка во следниот период. Мировен корпус го информираше директорот г-дин Хасипи за виртуелните обуки за професионален развој на наставниците по англиски јазик кои ги организира и спроведува Мировниот корпус, како и можноста за стручна поддршка од далечина на наставниците по англиски јазик од програмата за Развој на наставата по англиски јазик.