» Нов список со лектири во основното образование за учебната 2019/2020 година

Нов список со лектири во основното образование за учебната 2019/2020 година

Бирото за развој на образованието во согласност со дописот број 09-162/1 од 25.1.2019 год. доставен од Министерството за образование и наука како одговор на дописите за измена и дополнување на списокот за лектира од второ до деветто одделение од основното образование, го објавува одобрениот список за лектира за основното образование за учебната 2019/2020 година.

Списокот содржи листи за задолжителна и изборна лектира за секое одделение од второ до деветто и тоа за: македонски јазик, албански јазик, турски јазик и српски јазик. Списоците беа предмет на јавна расправа и отворени за предлози. Предлозите беа земени предвид и внесени според критериуми за избор на лектира во основното образование изработени во Бирото за развој на образованието.

 

Список со лектири од второ до деветто одделение на македонски јазик

Список со лектири од второ до деветто одделение на албански јазик

Список со лектири од второ до деветто одделение на турски јазик

Список со лектири од второ до деветто одделение на српски јазик