Согласно законските надлежности Бирото за развој на образованието врши акредитација на програми за обука и понудувачи на услуги. Со цел воспоставување одржлив систем за професионален развој на воспитно-образовниот кадар во училиштата согласно потребите за обука на воспитно-образовниот кадар кои произлегуваат од член 25 став 2, член 52 став 2 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, Бирото за развој на образованието изготви Каталог на Акредитирани програми за обука и акредитирани понудувачи на услуги за обука на наставниците и стручните соработници од основните училишта. Наставниците и стручните соработници преку училиштата избраа по две обуки согласно нивниот личен план за професионален развој. Обуките ќе започнат да се реализираат согласно утврдените динамики.
Каталог на акредитирани програми за обука за наставниците во основните училишта
Каталогот на акредитирани програми за обука на стручните соработници во основните училишта