Концепција за гимназиско образование

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ја донесе новата Концепцијата за гимназиско образование.

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ја донесе новата Концепцијата за гимназиско образование. Концепцијата, чија цел е унапредување на гимназиското образование, го задржува општообразовниот карактер преку силна основа од задолжителни предмети, а истовремено воведува модел на структурирана изборност што им овозможува на учениците, во одредени сегменти, да го обликуваат сопствениот образовен профил според своите интереси. Моделот овозможува продлабочено изучување на избрани предмети и развој на критичко мислење, применливи знаења и клучни компетенции, усогласени со современите европски гимназиски практики.

Во текот на процесот на креирањето на Концепцијата, а со цел вклучување на сите засегнати чинители во нејзиното унапредување, истата пред да се донесе двапати беше ставена на јавна дискусија – во декември 2024 година, која продолжи и во текот на 2025 година, и повторно во февруари 2026 година.