На 22.01.2026 година, во просториите на Бирото за развој на образованието, се одржа состанок за примопредавање на дигиталната алатка за самоевалуација на наставниците во основното образование и прибирање податоци за изработка на личен план за професионален развој.
Алатката е изработена во рамки на проектот „EmpowerED: дигитално самооценување за наставници и план за професионален развој“ и овозможува структурирана самоевалуација на наставниците, идентификување на потребите за професионален развој, систематско прибирање на податоци од училиштата и поефикасно планирање на стручното усовршување на наставниот кадар.
Проектот е спроведен од СмартАП – Лабораторија за социјални иновации, во партнерство со Детската фондација Песталоци, а во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.
