Од 3 до 6 февруари, в.д. директорката на Бирото за развој на образованието Милка Тримчевска како шеф на делегацијата во состав: Кети Димковска – советник по француски јазик во Бирото за развој на образованието, Сања Јанчева – раководител на одделение за наставници за образование на децата на државјаните на РС Македонија кои престојуваат во странство во Министерството за образование и наука, Илина Тарчуговска – советник за општо и средно стручно образование во Министерството за образование и наука и Љупка Димова – Аташе за француски јазик во Францускиот институт во Скопје, ја посети Франција во рамките на регионалниот проект за поддршка на наставата по француски јазик и нејзино заживување на Западен Балкан.
За време на престојот програмата беше реализирана со посета на повеќе институции во Париз: Министерството за образование, Версајската академија, Иналко, Канопе, двојазични установи и други образовни институции и се остварија средби за перспективи за образовна соработка. Се зајакнаа образовните партнерства, се промовираше францускиот јазик и се разменија искуства и практики.
Благодарност на Француската амбасада во Македонија и на домаќините за успешната соработка за време на посетата.