Бирото за развој на образованието подготви Насоки за планирање, организација и реализација на наставата од 1. до 6. одделение во основното образование во учебната 2023/24 година.
Документот е наменет за сите наставници од основните училишта и дава одговори во врска со подготовките што се преземаат на почетокот на новата учебна година.
Советниците на Бирото за развој на образованието ќе продолжат со давање стручна и советодавна помош и поддршка на наставниците.
Биро за развој на образование