Државен натпревар за програмирање

Во рамки на проектот Училишта на 21 век, на 06.05.2022 година се организираше државен натпревар во програмирање со micro:bit уредите. Натпреварот имаше за цел да ги инспирира учениците со програмирање на уредот да предложат решение за секојдневните проблеми во своите училишта и околината во која живеат. Од пријавените 60 проекти беа избрани 15 финалисти со најоригинални осмислени решенија за проблемите со кои се соочуваат секојдневно и кои може да се користат на глобално ниво. Претставени беа решенија за роботска рака управувана од далечина која може да изведува голем број активности, решение за алатка за безбедно движење и ориентација во простор за лица со оштетен вид, за правилно држење на рбетниот столб, за акумулирање и паметно користење на енергијата од природните извори и други.