Преводот на публикацијата „Референтна рамка на компетенции за демократска култура“ на македонски јазик е подготвена од страна на проектот „Училишни практики за демократска култура во дигиталната ера“ имплементиран од Центарот за човекови права и разрешување на конфликти (ЦЧПРК) со финансиска поддршка на Европска Унија и Советот на Европа и стручна редакција од Бирото за развој на образованието. Оваа публикација е наменета за наставниците од сите образовни нивоа, од предучилишно образование, основно, средно и високо образование, вклучувајќи го образованието за возрасни и стручното образование. Рамката е заснована на европските вредности на Советот на Европа за промовирање и заштита на човековите права, демократија и владеење на правото и претставува сеопфатен ресурс при планирањето, спроведувањето и оценувањето на компетенциите за демократска култура и интеркултурен дијалог.
Публикацијата „Референтна рамка на компетенции за демократска култура“ се состои од три книги:
Книга 1 – Контекст, концепти и модел