Национален натпревар на најдобри ученички компании во учебната 2025/2026 година

На 6 мај во Скопје се одржа Националниот натпревар на најдобри ученички компании во учебната 2025/2026 година.

На 6 мај во Скопје се одржа Националниот натпревар на најдобри ученички компании во учебната 2025/2026 година. Натпреварот беше во организација на „Џуниор Ачивмент Македонија“ и на него зедоа учество 20 ученички компании, односно над 100 ученици од средните училишта во земјава, предводени од своите наставници-ментори коишто беа дел од Програмата за ученичка компанија. Програмата се заснова на принципот на учење преку работа и учениците под надзор на обучени наставници, создаваат компанија која ја развиваат во текот на учебната година.

На отворањето на натпреварот имаше обраќање директорката на Бирото за развој на образованието, г-ѓа Милка Тримчевска, која што ја нагласи поддршката на Бирото за настаните и иницијативите коишто се посветени кон унапредување на образовниот систем кој ги поттикнува критичкото размислување, креативноста, рашавањето проблеми, иновативноста и претприемачкиот дух.

Победник на годинашниот национален натпревар е ученичката компанија „EcoBloom“ од СОЕПТУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Прилеп. Станува збор за иновативен 3D биоразградлив освежувач за автомобил со семка – производ што не создава отпад, туку живот.

„EcoBloom“ – најдобрата Џуниор Ачивмент ученичка компанија ќе патува на #GEN_E 2026 во Рига, Латвија, каде што ќе се натпреваруваат со над 800 учесници од цела Европа!

Им честитаме на победниците!