На 5 мај, Бирото за развој на образованието, во соработка со Друштвото за маркетинг и адвертајзинг ГЛОБАЛ НЕТ АДВ ДООЕЛ – Скопје, започна со реализација на акредитираната приоритетна програма за обука на тема: „Напредни техники и алатки за кариерно советување за индивидуално насочување и поддршка на учениците“.
Обуката е наменета за стручно усовршување на наставниците – кариерни советници од средните училишта, со цел унапредување на нивните компетенции за примена на современи пристапи и алатки во процесот на кариерно насочување и поддршка на учениците при нивниот образовен и професионален развој.
Програмата за обука се реализира во текот на три дена со вкупно времетраење од 18 часа. За време на обуката, учесниците се запознаваат со напредни техники за индивидуално советување, како и со практични методи за идентификација на интересите и потенцијалите на учениците.
Според предвидената динамика, обуката ќе биде целосно завршена до крајот на месецов, при што ќе бидат опфатени околу 180 наставници – кариерни советници од средните училишта од целата држава.










