Бирото за развој на образованието објавува конкурс за избор за избор на автори/авторски тимови за изработка на прирачници за наставници и материјали за учење на учениците од VIII одделение на деветгодишното основно образование по следните наставни предмети:
- Музичко образование за VIII одделение на деветгодишното основно образование;
- Ликовно образование за VIII одделение на деветгодишното основно образование;
- Физичко и здравствено образование за VIII одделение на деветгодишното основно образование;
- Информатика со техничко образование за VIII одделение на деветгодишното основно образование.
Авторите/авторските тимови ќе се изберат и рангираат според следните критериуми:
Стручна подготовка и квалификации – 90 поени
- Автор на прирачници за наставници и материјали за учење на учениците може да биде лице со завршено најмалку високо образование од областа, односно соодветно образование утврдено со нормативот во наставната програма за наставниот предмет за кој е наменет прирачникот/материјалот и кое има искуство како наставник во основно образование или како наставник/соработник во високо образование, во траење од најмалку една година.
- Авторот, односно авторските тимови, можат да вклучат и лица со завршено најмалку високо образование од сродна област на наставниот предмет, кои имаат искуство во изработка на прирачници/материјали, наставни и/или дидактички материјали.
Искуство во изработка на прирачници и/или наставни материјали – 10 поени
- Кандидатот доставува соодветни докази: корица, импресум, потврда од нарачувач или слично.
- Бодување според бројот на доставени изработени прирачници и/или наставни материјали:
- 1–5 изработени прирачници/материјали: 5 поени
- 6 и повеќе изработени прирачници/материјали: 10 поени
Од авторите/авторските тимови се очекува:
- да изработат материјали за учење согласно наставната програма;
- сите содржини да ги базираат на современи, научно засновани и релевантни сознанија, а примерите и активностите да бидат интересни за учениците и поврзани со нивните искуства;
- преку материјалите за учење да ја промовираат еднаквоста, почитувањето на различностите по сите основи и инклузивноста, како и почитувањето на сите етнички заедници во државата, со цел поддршка на меѓуетничката интеграција;
- да поседуваат високо ниво на креативност и ефикасност во работењето во услови на кратки рокови;
- да бидат мотивирани, самоиницијативни и да работат ефикасно по дадени насоки од Бирото за развој на образованието.
Крајниот рок за изработка и доставување на прирачниците за наставници и материјалите за учење на учениците е до 10.04.2026 година. Прирачниците за наставници и материјалите за учење треба да бидат технички уредени и да не надминуваат четири авторски табаци. Покрај доставата во хартиена форма, истите задолжително треба да се достават и во УСБ.
Напомена: Доколку прирачниците и материјалите за учење содржат слики со текст, истите мора да бидат во едитабилен формат.
Рангирањето и изборот на авторите/авторските тимови ќе го врши комисијата формирана од директорот на Бирото за развој на образованието.
По изборот на кандидатите, ќе се склучат договори согласно Правилникот за начинот, постапката и критериумите за избор на надворешни соработници и утврдување на висината на авторските надоместоци и надоместоците за други услуги, односно Правилникот за издавачка дејност на Бирото за развој на образованието.
Конкурсот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање, без да се смета денот на објавувањето.
Пријавите се доставуваат до архивата на Бирото за развој на образованието или по пошта на адресата: ул. Руѓер Бошковиќ бр. 20, Карпош II, 1000 Скопје. Пријавите со некомплетна документација (биографија, сертификати, договори и сл.) или ненавремено доставените документи нема да бидат разгледувани од страна на Комисијата.
Лице за контакт:
Александра Таневска Милошевска,
е-пошта: aleksandram@bro.gov.mk