Сектор за професионален развој на воспитно-образовниот кадар и советодавна стручна работа

Клучен партнер на наставниците во нивниот професионален раст. Организација на обуки, менторска поддршка и стручно советување за унапредување на воспитно-образовната практика

Континуирано зајакнување на компетенциите на образовниот кадар

Главни задачи на секторот

Неговите надлежности опфаќаат изработка на анализи и утврдување на потребите за професионален развој на наставниците и стручните соработници, организирање тематски дискусии, подготовка на долгорочни и годишни планови за обуки, спроведување на постапките за акредитација за обезбедување на услуги во врска со спроведување на програми за обука на воспитно-образовниот кадар, како и развој на методологија и алатки за советодавни посети и стручни увиди и изработување годишен план за нивна реализација.

Преку овие активности, Секторот обезбедува континуирано зајакнување на компетенциите на воспитно-образовниот кадар и поддршка за училиштата во процесите на евалуација и развој.

Структура на секторот

01

Одделение за професионален развој на воспитно-образовниот кадар

Планира, организира и следи програми за обука и усовршување

02

Одделение за советодавна стручна работа

Врши стручен увид, менторска и советодавна поддршка за наставниците и училиштата

Раководител на сектор

м-р Јулија Глигорова-Трајаноска

Јавни документи достапни за преземање