На 27 ноември 2025 година во просториите на Општин Штип во Штип се одржа работилница за наставници од средните училишта од Штип, Кочани, Пробиштип, Македонска Каменица, Делчево, Берово, Виница, Свети Николе и Радовиш на тема „Едукација и советување – запознавање со одредбите од Законот за заштита на потрошувачите“. Работилницата е дел од планираните активности на Бирото за развој на образованието во Програмата за заштита на потрошувачите за 2025 година („Службен весник на РСМ“ бр. 24/25), донесена од Владата на Република Северна Македонија, изработена согласно Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на РСМ бр. 236/22). Целта на работилницата е стекнување знаења, вештини и ставови неопходни за правилен и сигурен избор на производи и услуги, како и знаења за основните права и обврски на потрошувачите и начините за нивно остварување.





