РАБОТИЛНИЦА „ДЕТСКИ ИГРАЧКИ – ПАМЕТЕН И БЕЗБЕДЕН ИЗБОР ЗДРАВЈЕТО И БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА“

На 16 декември 2025 година во просториите на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ – Велес, објект 2 „Сонце“ во Велес се одржа работилница за директори и воспитувачи од детските градинки од Вардарскиот плански регион на тема „Детски играчки – паметен и безбеден избор Здравјето и безбедноста на децата“. Работилницата е дел од планираните активности на Бирото за развој на образованието во Програмата за заштита на потрошувачите за 2025 година („Службен весник на РСМ“ бр. 24/25), донесена од Владата на Република Северна Македонија, а изработена согласно член 170 и член 171 од Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на РСМ“ бр. 236/22, 3/25 и 49/25).

На работилницата зедоа учество вкупно 30 претставници од осум детски градинки од Вардарскито плански регион, од кои 23 воспитувачи и 7 директори на детски градинки.

Учесниците на работилницата се запознаа со правата на потрошувачите коишто се загарантирани со Законот за заштита на потрошувачите, како и за општата безбедност на производите. Особено беше ставен акцент на децата кои како најранлива категорија најмногу се изложени на ризик при изборот и употребата на производите.  Имајќи го тоа во предвид, на работилницата беше нагласена улогата на детските играчки во едукативниот процес, но и важноста од правењето правилен избор на детска играчка која што не ја загрозува безбедноста и здравјето на детето.

Како дел од работилницата, а во контектс на едукацијата, информирањето и правата на потрошувачите како една од глобалните цели за одржливиот развој, учесниците изработуваа едукативни, безбедни и одржливи играчки, логички игри, како и постер и флаер/честитка со кои би ги информирале родителите/старателите на децата и пошироката јавност како да направат правилен и безбеден избор на детска играчка.