На 10 декември 2024 година на Меѓународниот ден на човековите права во просториите на ЈОУ ДГ „Ангел Шајче“ – објект „Пчелка“ во Куманово се одржа работилница за воспитувачи од детските градинки од Североисточниот плански регион на тема „Детски играчки – здравјето и безбедноста на децата“. Работилницата е дел од планираните активности на Бирото за развој на образованието во Програмата за заштита на потрошувачите за 2024 година („Службен весник на РСМ“ бр. 32/24), донесена од Владата на Република Северна Македонија, а изработена согласно член 170 и член 171 од Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на РСМ“ бр. 236/22)
На работилницата зедоа учество вкупно 42 претставници од четири детски градинки од Североисточниот плански регион, од кои 38 воспитувачи и 4 директорки на детските градинки.
Учесниците на работилницата се запознаа со правата на потрошувачите коишто се загарантирани со Законот за заштита на потрошувачите, како и за општата безбедност на производите. Особено беше ставен акцент на децата кои како најранлива категорија најмногу се изложени на ризик при употреба на производите – детстките играчки. Имајќи го тоа во предвид, на работилницата, која што беше интерактивна, беше нагласена улогата на детските играчки во едукативниот процес, но и важноста од правењето правилен избор на детска играчка која не ја загрозува безбедноста и здравјето на детето.