» ОРГАНИЗАЦИСКА ШЕМА

Структура на бирото за развој на образованието

Со Бирото за развој на образованието раководи директор кој ги има правата и должностите на функционер кој раководи со орган на државната управа. Внатрешната организација на Бирото е уредена согласно неговите надлежности, развиеноста на мрежата на училиштата, како и јазикот на којшто се изведува наставата во следните организациони облици:
o Сектор за развој на воспитно-образовниот систем и развој на стандарди, наставни планови и програми;
o Сектор за истражувања во образованието;
o Сектор за професионален развој на воспитно-образовниот кадар и советодавна стручна работа;
o Сектор за издавачка дејност;
o Сектор за следење и евалуација на постигањата на учениците и наставниците;
o Сектор за логистика;
o Сектор за финансиски прашања;
o Одделение за управување со човечки ресурси;
o Одделение за внатрешна ревизија;
o Одделение за стратешко планирање, креирање, политики и следење.

Oдносот на бирото за развој на образованието со органите во состав