Обука за стручни соработници и кариерни советници

„Зајакнување на вештините на стручните соработници за советување за професионална и кариерна ориентација кај учениците“

Во насока на унапредување на компетенциите на стручните соработници и кариерните советници од средното образование, во периодот септември – октомври  се реализираше акредитирана обука на тема „Зајакнување на вештините на стручните соработници за советување за професионална и кариерна ориентација кај учениците“, од страна на акредитираниот понудувач на услуги ГЛОБАЛ НЕТ АДВ.

Оваа обука беше насочена кон подобрување на процесот на професионално и кариерно советување, поддршка на учениците во донесување информирани одлуки за нивниот образовен и професионален пат, како и развивање на личните и социјалните вештини потребни за кариерен раст.