» Граѓанско образование

Известување

Концепт за граѓанско образование во основното обазование и насоки за имплементација

Врз основа на Законот за основно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19) и Стратегијата за образование 2018-2025 година, Бирото за развој на образованието во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование, изработи Концепт за граѓанско образование во основното образование и насоки за имплементација кој го донесе министерот за образование и наука со решение бр.18-5147/1 од 20.5.2020 година.

Концептот за граѓанско образование во основното образование е со цел да помогне во разбирањето на комплексноста на вградувањето на граѓанското образование во образовниот системот и прифаќањето дека воспоставувањето и одржувањето на демократска култура е обврска на целото училиште. Во него се дадени конкретни насоки за реализација на граѓанското образование во училиштето и поопширно објаснување на концепциските решенија. Опфатени се начините на имплементација на граѓанското образование преку: наставните програми по предметот Граѓанско образование и другите наставни предмети; воннаставните активности; начините на училишно раководење; формите на соработка со заедницата; методите на настава и следењето и вреднувањето на постигањата на граѓанските компетенции кај учениците.

Водич за ученици за граѓанско образование VIII одделение

Водич за ученици за граѓанско образование VIII одделение – на албански јазик

Водич за ученици за граѓанско образование VIII одделение – на српски јазик

Водич за ученици за граѓанско образование VIII одделение – на турски јазик

Водич за наставници за Граѓанско образование за I година средно стручно образование

Прирачник за наставници за граѓанско образование IX одделение

Прирачник за наставници за граѓанско образование IX одделение – на албански јазик

Прирачник за наставници за граѓанско образование IX одделение – на српски јазик

Прирачник за наставници за граѓанско образование IX одделение – на турски јазик