» Јавна консултација

Јавна консултација

Јавна консултација за нацрт-наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието започнуваат јавна консултација за нацрт-наставните програми од седмо до деветто одделение, со цел засегнатите страни, особено наставниците, да имаат можност да се запознаат со нацрт-наставните програми и, доколку имаат сугестии и предлог решенија за евентуални промени во нацрт-наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение, да дадат свое аргументирано мислење за нивно подобрување.

Формуларот, електронските адреси и рокот за доставување на забелешките/сугестииите и предлог решенијата за секоја одделна нацрт-наставна програма се дадени на веб страницата на Министерството за образование и наука на следниот линк: https://mon.gov.mk/content/?id=8671

 

Нацрт-наставни програми за седмо одделение

Нацрт-наставни програми за осмо одделение

Нацрт-наставни програми за деветто одделение