Актуелно

Ученички домови

Бирото за развој на образованието во рамките на своите законски надлежности покрај тоа што ја следи работата на училиштата, ја следи и унапредува и работата на ученичките домови. Во негова надлежност се изготвување на План и програма за воспитно-образовна работа, упатства  за нејзина реализација како и следење и унапредување на работата на воспитувачите и другите стручни кадри.

Ученичките домови се воспитно-образовни установи кои се наменети за учениците кои се школуваат надвор од местото на живеење. Нивната дејност е регулирана со Законот за ученички стандард (сл.весник на Р.Македонија бр.52/2005) каде што во член 9 се вели: Ученички дом е установа која на учениците им обезбедува сместување, исхрана, воспитно-образовна работа, грижа за здравјето, културно-забавни, спортско-рекреативни и други дејности.

Иако се воспитно-образовни установи, домовите не работат исто како и училиштата, туку имаат посебна организација и технологија на работа  која се одвива по посебно утврден план и  програма за работа, коишто ги донесува Министерот за образование. Со програмата за работа во домовите доаѓа до израз хуманостичко-развојната компонента и индивидуалните потреби и интереси на учениците, односно преку соработнички односи, взаемно почитување и поддржување, отворена комуникација и почитување на личноста, се пружа помош на ученикот и родителот во постигнување на подобар развој на личноста и подобар успех во учењето.

Програмата за работа во ученичките домови содржи неколку пордрачја за работа:

  •   физичко и здравствено воспитание;
  •   интелектуален развој на личноста;
  •   естетско воспитание;
  •   работно воспитание и општествено-корисен труд;
  •   граѓанско воспитание;
  •   слободно време и слободни активности на учениците.


Покрај овие подрачја на работа во домовите се реализираат и следење, вреднување и унапредување на воспитно-образовниот процес, општествено- културна дејност и соработка со родителите и училиштата што ги посетуваат учениците.

Воспитно-образовната дејност, односно планот и програмата на воспитно-образовната работа во ученичките домови ги  реализираат воспитувачи и стручни соработници во воспитно-образовната работа како што се педагог, психолог и библиотекар. Воспитувачите во ученичките домови  ја вршат воспитно-образовната работа со учениците и ги остваруваат целите и задачите на програмата, а стручните соработници работат на пегадошко- психолошките, библиотекарските и други стручни работи со кои придонесуваат во воспитно-образовниот процес.

Според Законот ученичките домови за ученици од основното образование не се самостојни установи, туку се во состав на основните училишта, а ученичките домови за ученици од средното образование може да се во состав на некое средно училиште или пак се самостоен правен субјект.

1. СПИСОК НА УЧЕНИЧКИ ДОМОВИ
a)
  Ученички домови за ученици од основното образование
b)
  Ученички домови за ученици од средното образование
    
самостојни организации
 
  во состав на средно училиште
c)
  Ученички домови за ученици со посебни потреби
 
   ученички домови за ученици од основното образование
     ученички домови за ученици од средното образование

2. ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА РАБОТА ВО УЧЕНИЧКИТЕ ДОМОВИ

 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието