Актуелно

Сектор за развој на воспитно-образовниот систем и развој на стандарди, наставни планови и програми

     Главната активност (работна задача) на Секторот за развој на воспитно-образовниот систем и развој на стандарди е изготвување концепти за развој на образовниот систем, наставни планови и програми за предучилишното, основното, средното и специјалистичкото образование, како и за образованието на учениците со посебни потреби и образованието на возрасните. Исто така, Секторот организира и спроведува активности за професионалниот развој на наставниот и раководниот кадар во училиштата.

     За успешно имплементирање на новите наставни програми и другите измени во наставните планови, како и во начинот на планирање и изведување на наставата,Секторот овозможува континуирана поддршка на наставниците во основните и средните училишта преку одржување семинари, стручни средби со активите на наставниците, советувања и посети на училиштата.

     Согласно измените и дополнувањата на законите за основно и за средно образование и воведувањето  екстерно проверување на постигањата на учениците, дел од активностите на Секторот се насочени кон изработување на предлог-прашања и тестови на знаења за проверување на постигањата на учениците во основното и во средното образование.

     Секторот, исто така има и други активности кои придонесуваат за развој на образовниот систем и тоа:

  •      учество во истражувачки и акциони проекти чија реализација е во тек (УСАИД, програмата за животни вештини, за рано учење на германскиот јазик и др.);
  •      учество во проект кој ќе се реализира во соработка со Канцеларијата на Британски совет-Скопје ( обука на наставници почетници за предметот    англиски јазик);
  •      помош и поддршка на работата на советниците од другите сектори на Бирото;
  •      учество во комисии и работни тела во рамките на Бирото или како претставници на Бирото во други институции;
  •      поединечни работни посети или учество на семинари во други држави;
  •      водење интервјуа со кандидатите за директор на училиштата;
  •      кореспонденција со училиштата, градинките и другите инсти­туции;
  •      соработка со единиците на локалната самоуправа во делот на обра­зова­нието.

    Со наведените активности Секторот за развој на воспитно-образовниот систем и развој на стандарди,наставни планови и програми активно учествува во унапредување на воспитно-образовниот систем на Република Македонија.

 

 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието