Актуелно

Инклузивно образование

На ден 10.4.2017 година во просториите на Бирото за развој на образованието се одржа првата работна средба на Комисијата за инклузивно образование, како работно тело за развој на инклузивното образование во Република Македонија.

 

На работната средба беа присутни претставници од Владата на Република Македонија, УНИЦЕФ, МЦГО, Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби, како и претставници од посебните и редовните училишта и од Бирото за развој на образованието.

 

 

Комисијата во периодот што следи ќе работи на анализа на целокупната законска регулатива и подзаконски акти и изработка на акциски план за следни активности за развој на инклузивното образование.

 

 

 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието