Актуелно

Работна средба за изработка на „Концепција за математичка гимназија“

На 18.1.2017 година во просториите на Бирото за развој на образованието, Скопје се одржа работна средба на стручниот тим за изработка на „Концепција за математичка гимназија“.

Врз основа на заклучоците на Владата на Република Mакедонија и насоките на Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието пристапи кон изработка на Концепција за математичка гимназија.

На средбата активно учествуваа советници од Бирото за развој на образованието, претставници од факултетите и институтите, претставници од средните училишта и номинираните претставници од Министерството за образование и наука, Државниот испитен центар, Центарот за стручно образование и обука и Сојузот на математичари на Македонија.

Се дискутираше за клучните елементи врз коишто треба да се развие концепцијата: искуства од земји во коишто постои математичка гимназија, искуствата од досегашната работа со надарени ученици, согледувањето на потребите за формирање на математичка гимназија, развивање на наставен план, наставни програми, учебници и учебни помагала, наставен кадар, простор и опрема, финансиски средства, стручна подготовка на наставниот кадар, услови за запишување и критериуми за избор на ученици.

 

 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието