Актуелно

Потпишан Меморандум за соработка во областа на финансиската писменост и други области во образованието

На 11.1.2017 во просториите на Народната банка на Република Македонија, гувернерот на НБРМ, г. Димитар Богов и директорот на Бирото за развој на образованието, г-ѓа Весна Хорватовиќ, потпишаа Меморандум за соработка во областа на финансиската писменост и други области во образованието.

 

Двете институции ќе ја остварат соработката во полето на финансиската едукација преку изготвување политики, спроведување истражувања и анализи, преземање заеднички активности за подигање на јавната свест и промоција на финансиската едукација и писменост, и размена на релевантна експертиза.

 

Институциите ќе вршат консултации за стратегиски прашања на национално и меѓународно ниво, ќе подготвуваат наставен и прирачен материјал за основните и средните училишта од областа на финансиската писменост и ќе организираат обуки и други едукативни активности со кои ќе бидат опфатени наставниците и учениците.

 

Со овој меморандум се очекува да се зацврсти соработката помеѓу двете институции во областа на финансиската едукација, со што ќе се придонесе кон зголемување на свеста кај учениците и кон јакнење на нивните финансиски знаења, а воедно ќе се придонесе и кон нивно идно полесно вклучување во современите текови на финансискиот систем.

 

 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието