Актуелно

Работилници за адаптација на новите наставни програми по предметите математика, биологија, хемија и физика од Меѓународниот центар за испити од Кембриџ (Cambridge International Examinations) за прва и втора година средно образование

Во периодот од 28.11.2016 до 30.11.2016 година се реализираа работилници за адаптација на новите наставни програми по предметите математика, биологија, хемија и физика за средно образование.

Работилниците ги водеа експертите: д-р Никола Кларк за математика и д-р Хелен Еклес и Лиз Брнс за биологија, хемија и физика ангажирани од Меѓународниот центар за испити од Кембриџ (Cambridge International Examinations). На работилниците земаа активно учество советници од Бирото за развој на образованието, а во текот на првиот ден присуствуваа и претставници од МОН, ЦСОО, ДИЦ и ПМФ.

Во деновите 13, 14 и 15 декември 2016 година преку интернет врска се реализираат Видеоконференции за адаптација на целите од новите наставни програми по предметите математика, биологија, хемија и физика за прва и втора година средно образование и истите се предводени од експерти ангажирани од Меѓународниот центар за испити од Кембриџ (Cambridge International Examinations).

 

 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието