Актуелно

Обука за одделенските наставници коишто во учебната 2016/2017 година реализираат настава по предметот физичко и здравствено образование во IV и V одделение на основното образование

На 5-ти, 6-ти и 7-ми декември 2016 година се реализираат еднодневни обуки со наставниците од одделенската настава коишто реализираат настава по наставниот предмет физичко и здравствено образование во четврто и петто одделение на деветгодишното основно образование.

Обуката на тема „Современи методи и пристапи во реализацијата на наставата по физичко и здравствено образование за учениците од четврто и петто одделение на основното образование“ ја реализира акредитираниот понудувач на обука и услуги Здружение Национален центар за развој на иновации и претрпиемачко учење од Скопје кое настапува со професионална поддршка на Институтот за научно-истражувачка работа во спортот, Факултет за физичко образование, спорт и здравје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.

Целта на обуките е да се подобри квалитетот на наставата по наставниот предмет физичко и здравствено образование преку користење на современи методи и пристапи во реализацијата на наставата во одделенската настава.

 

 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието