Актуелно

Обука за одделенските наставници кои реализираат настава по предметот работа со компјутер и основи на програмирање во IV одделение на основното образование

Во месец октомври се реализираат еднодневни обуки со наставниците од одделенска настава кои во учебната 2016/2017 година реализираат настава по наставниот предмет работа со компјутер и основи на програмирање во IV (четврто) одделение на основното образование.

Обуката ја реализира акредитираниот понудувач на на обука и услуги Здружението на граѓани за унапредување на образованието, културата и меѓуетничката толеранција „Витраж“ од Скопје, со професионална поддршка на Здружението на информатичарите на Македонија.

Целта на обуките е професионално усовршување на наставниците од основното образование за реализација на содржини од наставната програма по наставниот предмет работа со компјутер и основи на програмирање за IV–то одделение.

 

 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието