Актуелно

Дисеминација на обуката на тема: „Користење на интерактивни современи методи и техники во наставата за средно образование"

Во втората половина на август и во септември Бирото за развој на образованието продолжува со дисеминација на обуката на тема: „Користење на интерактивни-современи методи и техники во наставата за средно образование“ којашто беше реализирана во соработка со Универзитетскиот колеџ, Лондон (Institute of Education of University College London), Велика Британија.

 

Целта на обуката, која е поддржана од Владата на Република Македонија, е подобрување на квалитетот на наставата во средното образование, односно проширување на знаењата и вештините за примена на современите методи и техники во наставата, што води кон подобрување на постигањата на учениците.

 

Наставниците за учеството на обуките ќе добијат сертификат.

 

 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието