Актуелно

Обуки за предметните наставници коишто во учебната 2016/2017 година ќе изведуваат настава по математика, физика, хемија и биологија во VII, VIII и IX одделение

Во јуни и втората половина на август 2016 година Бирото за развој на образованието организира дводневни обуки за предметните наставници коишто во учебната 2016/2017 година ќе изведуваат настава по наставниот предмет математика и по наставните предмети од природните науки биологија, физика и хемија во VII, VIII и IX одделение согласно новиот наставен план за деветгодишното основно образование.

 

Целта на обуките е имплементација на новите наставни програми по математика, физика, хемија и биологија од VII до IX одделение на деветгодишното основно образование, изготвени од страна на Бирото за развој на образованието во соработка со Меѓународниот центар за наставни програми за основно образование од Кембриџ (Cambridge International Examinations), Велика Британија.

 

Обуките ги следат вкупно 2200 наставници (1514 наставници кои реализираат настава на македонски јазик и 686 наставници кои релаизраат настава на албански јазик) од сите основни училишта во Република Македонија.

 

 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието