Актуелно

Семинари за одделенските наставници коишто во учебната 2016/2017 година ќе предаваат математика во IV и V одделение

Од 16 до 30 мај Бирото за развој на образованието во соработка со Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје, Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ од Битола, Државниот универзитетот од Тетово и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип реализира еднодневни семинари за наставниците од основните училишта во Република Македонија коишто во учебната 2016/2017 година ќе предаваат математика во IV и V одделение.

 

Целта на семинарите е поуспешна реализација на поедини теми од наставните програми по математика за IV и V одделение преземени од Меѓународниот центар за наставни програми (Cambridge International Examination), адаптирани од страна на Бирото за развој на образованието.

 

 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието