Актуелно

Дисеминација на обуката на тема: „Користење на интерактивни современи методи и техники во наставата за средно образование"

Бирото за развој на образованието почна со дисеминација на обуката на тема: „Користење на интерактивни-современи методи и техники во наставата за средно образование“ којашто беше реализирана во соработка со Универзитетскиот колеџ, Лондон (Institute of Education of University College London), Велика Британија.

 

Целта на обуката, која е поддржана од Владата на Република Македонија, е подобрување на квалитетот на наставата во средното образование, односно проширување на знаењата и вештините за примена на современите методи и техники во наставата, што води кон подобрување на постигањата на учениците.

 

Со обуките ќе бидат опфатени 7150 наставници од сите средни училишта во Република Македонија, кои за учеството на обуките ќе добијат сертификат.

 

 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието