Актуелно

Воведување на новите наставни програми Кембриџ од VII до IX одделение

Бирото за развој на образованието во соработка со Cambridge International Examination ги адаптираше наставните програми за математика, биологија, хемија и физика од VII до IX одделение на деветгодишното основно образование.

 

За начинот на имплементација на новите програми експерти од Cambridge International Examination од 04.04.2016 до 07.04.2016 година во Скопје одржуваат обуки со главните обучувачи (советниците на Бирото за развој на образованието и наставници избрани на конкурс) кои ќе бидат задолжени да одржат обуки со сите наставници кои ќе изведуваат настава од седмо до деветто одделение по наведените наставни предмети во основните училишта во Република Македонија.

 

 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието