Актуелно

Обуки за мастер обучувачи на тема: „Користење на интерактивни-современи методи и техники во наставата за средно образование"

Од 14 до 19 март 2016 година се одржаа обуки за мастер обучувачи на тема: „Користење на интерактивни-современи методи и техники во наставата за средно образование“ во организација на Бирото за развој на образованието во соработка со експерти од Универзитетскиот колеџ, Лондон (Institute of Education of University College London), Велика Британија.

 

Обуките се поддржани од Владата на Република Македонија и нивната цел е подобрување на квалитетот на наставата во средното образование.

 

Осумдесет советници од Бирото за развој на образованието бea обучени за мастер обучувачи кои ќе ја дисеминираат обуката во сите средни училишта во Република Македонија и со која ќе бидат опфатени 7150 наставници.

 

Видео од реализираните обуки

 

 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието