Актуелно

Новости

Обуки за наставниот кадар во средните училишта во Република Македонија

Бирото за развој на образованието организира задолжителни обуки за наставниот кадар во средните училишта во Р. Македонија на тема „Современи методи во наставата, активно вклучување на учениците и поттикнување на нивната креативност“. Обуките ќе ги реализираат акредитирани понудувачи на обука и услуги во период јануари - март 2013 година. Во прилог е распоредот на училиштата по региони.

Семинар за снимање на добри практики

 

Во период од 29.11-01.12 2012 година се одржа семинар за снимање на добри практики од програмата Јазично описменување и Математика со размислување во почетните одделенија, во хотел Климетица - Охрид. На семинарот учествуваа претставници од основните училишта на територијата на Р. Македонија.

 

Семинар на тема: „Континуирано усовршување на наставниците по физичко образование, основа за професионално напредување“

 

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Факултетот за физичка култура и Федерацијата на училишен спорт на Македонија, организираа семинари на тема „Континуирано усовршување на наставниците по физичко образование, основа за професионално напредување“.

 

Семинари за образование за животни вештини

 

Во период од 23-25.09 2012 година се одржаа семинари од програмата за Образование за животни вештини во хотел Климетица - Охрид. На семинарите учествуваа по двајца претставници од средните училишта од регионот на Западна Македонија.

 

Европски ден на претприемачот

 

На Европскиот ден на претприемачот - 30 мај 2012,  во хотелот Александар палас во Скопје се одржа  финалниот настан по повод Државниот натпревар за најдобар бизнис план за средните училишта во Република Македонија.

 

Семинари за образование за животни вештини

Во период од 15-17.05 2012 година ќе се одржуваат семинари за програмата за образование за животни вештини во ОУ "Лазо Трповски" - Скопје. На семинарите ќе учествуваат претставници од стручната служба на сите основни училишта во Скопје и Куманово.

 

 

 
 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието